Пластичен хирург вежбал на неговите посвоени ќерки: На 10 години помалата Британи го имала првиот зафат

Познатиот пластичен хирург Мајкл Никол и неговата сопруга посвоиле две ќерки, а подоцна таткото одлучил да ги употреби своите вештини и да ги „разубави“. Првата ќерка почнал да ја „средува“ кога имала само 10 години, откако му се пожалила дека не ѝ се допаѓа нејзиниот папок.

Сега Чарм и Британи се негови редовни клиентки, и секоја од нив има оперирано речиси се’ на своето тело. За сите естетски корекции е задолжен исклучиво тој, како што и самите велат, затоа што најмногу му веруваат.

Британи ги оперирала градите на 18 години, а Чарм чекала да наполни 25. И двете го имаат оперирано и носот, јаболкниците и задникот.

- Кога завршив средно училиште, татко ми ми рече дека има поклон-изненадување за мене. Уште следниот ден отидовме да ми ги зголеми градите - открива Британи.

Вели дека и таа и сестра ѝ пораснале во такво опкружување каде естетската хирургија е нормална работа и каде многу се вложува во убавината. Сепак, не одело се’ како во просечно американско реално шоу. Нивната мајка Пени била против операциите.

- Мислам дека е погрешно да им се дозволува да оперираат се’ што не им се допаѓа на себе. Се плашам дека ќе станат зависни од пластика - искрена е таа.

Нивниот татко вели дека не чувствува никаква одговорност за тоа што девојките сега за секоја ситница седнуваат под нож.

- Никогаш не влијаев директно на нив, но факт е дека тие пораснаа во такво опкружување каде овие работи се нормални - вели д-р Мајкл.