Писмото до Дедо Мраз кое го растажи регионот

На социјалните мрежи не само кај нас, туку и во целиот регион се споделува писмото на малиот Михајло адресирано до Дедо Мраз, а неговата скромност допре многумина.

„Драг Дедо Мраз! Мене не мораш да ми донесеш подарок оваа Нова година. Јас само би сакал луѓето да му помогнат на мојот брат и да може да слуша. И јас и Коста бевме добри деца оваа година“, напиша Михајло.

„Тажно, вакви желби од година во година ќе има се’ повеќе. За жал, властите не обраќаат внимание на вакви случаи“, е еден од коментарите под објавата.

Писмото стана вирално откако беше објавено на фејсбук-страната „Ужице огласна табла“, а подоцна го пренесоа и повеќе хрватски портали.