Пет производи кои девојките треба да ги избегнуваат по триесеттата

Со годините во телото ни се случуваат промени кои не’ тераат на преиспитување на многу навики, вклучувајќи ги и оние прехрамбените. Токму на оваа тема американското здружение My Domaine заедно со експерти од областа на здравата исхрана и нутриционисти составија листа со 5 производи кои треба да се избегнуваат кога ќе наполниме 30 години, а ова особено важи за жените.

Прв на листата е шеќерот кој предизвикува воспалителни процеси во телото и ги оштетува колагенот и еластинот кои се потребни за кожата да остане еластична и здрава. Дополнително треба да се внимава на „скриениот“ шеќер кој го има во многу производи и чии количини исто така е неопхподно да се регулираат. Следуваат разните вештачки зачини и преливи и да им најдеме адекватна замена со природни состојки.

На девојките по триесеттата година им се советува да престанат да консумираат неквалитетни тестенини и да јадат само такви направени од цели зрна пченица. Од исхраната треба да го исклучат и печењето и белиот леб кој содржи големи количини шеќер и гликоза кои можат да го нарушат колагенот во организмот и многу протеини.

Преферирајте интегрален леб и здрави слатки. Наспроти сите митови за предностите на диеталните пијалоци, експертите не препорачуваат да се на менито, особено кај девојките кои влегуваат во четвртата деценија од својот живот. Штетните материи во нивниот состав негативно влијаат на хормоните на штитната жлезда.