Пет лекции на славните личности за брзо растење на косата

Растењето на косата може да биде долг процес. Можеби ќе ви бидат потребни месеци или една година за да ја постигнете саканата должина.

Иако нема ништо што го забрзува процесот, постојат некои трикови кои можат да ви помогнат да се чувствувате уште поелегантно со должината што ја имате во моментот.

Плетењето

Познатата актерка Мили Боби Браун ја избричи косата за улогата на „Eleven“. Таа носеше неколку стилови додека да ѝ растеше косата, а еден од омилените беа плетенките.

Бидете горди на вашите шишки

Шишките се најдобриот подарок за косата, посебно кога имате кратка коса. Мајли Сајрус не може да се пофали со многу промени, но еден од триковите кои ги примени е што дозволи нејзината коса да има шишки. Тоа создава илузија дека косата ни е подолга од колку што е.

Играјте со природната структура на вашата коса

Ако некој треба да добие награда за елегантен раст, тогаш тоа е Кели Куоко. Откако имаше многу кратка коса, таа дозволи перфектно да ѝ порасне. Нејзиниот трик- играше со текстурата на нејзината коса.

Изберете динамична боја

Кога Џенифер Лоренс имаше кратка пикси фризура, бојата на косата изгледаше посветла. Побарајте динамична боја која носи многу светлина за да ја истакне дожината на раст на вашата коса.

Комплетирајте и приспособете

Кејт Хадсон кога ја скрати косата изгледаше неверојатно. Аксесоарите како што се ленти, шноли, марами може да ви помогнат некои досадни денови да се трансформираат во забавни. Не е потребно многу за да го смените изгледот.