ПЕЈАЧОТ ВЕЈЧЕСЛАВ ПОПОВСКИ ГО ЗАПОЗНА ПЛАСИДО ДОМИНГО: МИ СЕ ОСТВАРИ СОНОТ

Голема чест е да пееш пред Маестро Пласидо, а особено и тој да те придружува на клавир и тоа во Виенската државна опера. Колку само едноставен човек со позитивна енергија и огромна љубов кон работата која неуморно ја работи, ни раскажа младиот пејач Вејчеслав 

Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго му го оствари сонот на младиот пејач од Скопје, Вејчеслав Поповски. Доминго и Вејчеслав се сретнаа во Виенската државна опера, по препорака на Аки Нуредини од Тетово, чиј ресторан „Соле“ во Виена е место кое што го посетуваат светски познати уметници.

Шпанскиот тенор, наречен кралот на операта, го преслушал пеењето младиот македонски тенор Вејчеслав, ученик во трета година во Музикото училиште во Скопје.  По матурирањето, плановите на Поповски е да се запише на студии по соло пеење во Виена. 

Јас ја имав честа да имам специјално договорена средба со Маестро Пласидо на која имав можност да се претставам со неколку композиции и да го добијам неговото мислење за мојот глас . - Вејчеслав со кралот на операта 

„ Голема чест е да пееш пред Маестро Пласидо, а особено и тој да те придружува на клавир и тоа во Виенската државна опера (Wien Staatsoper). Колку само едноставен човек со позитивна енергија и огромна љубов кон работата која неуморно ја работи. Незборавен момент, кој верувам дека ќе го паметам цел живот“, ни раскажа Вејчеслав. Неговите музички почетоци се врзани за детскиот фестивал „Златно счавејче“. Пред два месеци, тој го одржа својот прв солистички концерт во Македонската Опера и балет. Негова сегашна професорка по соло пеење во МБУЦ е Александар Коцевска. 

„ Ресторанот Соле и господинот Аки Нуредини е местото од каде започна мојата приказна на патот во Виена и средбата со најеминентната личност во светот на класичната музика.  Да се биде во друштво со една толку голема личност на која и се восхитуваш е нешто за кое сонува секој уметник. Јас ја имав честа да имам специјално договорена средба со Маестро Пласидо на која имав можност да се претставам со неколку композиции и да го добијам неговото мислење за мојот глас и за развојот на техниката на класичното пеење. Посебно важно за мене беше неговото мислење за бојата на мојот глас и предлогот за моето идно образование во Виена“, додаде Вејчеслав. 

Доминго и Вејчеслав се сретнаа во Виенската државна опера, по препорака на Аки Нуредини од Тетово, чиј ресторан „Соле“ во Виена е место кое што го посетуваат светски познати уметници.- младиот пејач со Нуредини 

Тој е среќен што во градот кој е метропола на најголемите светски оперски звезди, тој се чуствува како дома, благодарение на Аки Нуредини, човекот за кој вели дека му ја отворил вратата и го пуштил во светот на пријателството со најеминентните личности во светот на класичната музика.

Милица Џаровска