Паника во кралското семејство поради коронавирусот: Принцот Џорџ и принцезата Шарлот во домашна изолација

Принџот Џорџ и принцезата Шарлот беа испратени дома, заедно со сите ученици од приватното училиште во кое, беа испратени на домашна изолација затоа што се појави сомнение за коронавирус во училиштето.

Коронавирусот го смени секојдневниот живот на многумина, а исто така и на членовите на британското кралско семејство. 

Четири ученици од нивното училиште „Томас Батерс“ беа тестирани за коронавирус. Резултатите се чекаат и никој не оди на училиште до тогаш. Стравот од вирусот и хаосот што би го предизвикал тој се шири низ Велика Британија, а 13 училишта низ целата земја ги затворија своите врати.

Стравот е поголем затоа што многу ученици и професори скијаат во Италија, а потоа имаат симптоми како што се кашлица и главоболки. Откако патувале во северна Италија, две деца се вратиле на училиште со симптоми слични на грип. Британците стравуваат дека аранжманите што ги платиле за неодамнешните велигденски празници ќе пропаднат ако се рашири заразата.