Овие хороскопски знаци не треба заедно да одат на патување

Има 21 комбинација од хороскопски знаци кои никогаш не треба да одат заедно на пат.

Стрелец + Девица – Стрелецот е најлесен партнер за патување, но никогаш нема да се согласи на планирање пат со Девиците, бидејќи целото детално планирање и „играње на сигурно“ им создава нервоза.

Близнаци + Девица – најдобро е да тргнете индивидуално, бидејќи повеќе од 2-3 дена не можете да издржите заедно.

Лав + Лав – до крајот на патувањето ќе се однесуваат како диви мачки и релаксацијата ќе стане напор.

Рак + Водолија – спротивните карактери ќе им создадат стрес и нема да имаат шанса да видат половина од тоа што планирале.

Oвен + Риби – постојано стегнати и во исчекување нешто да тргне наопаку, немаат доволно добра меѓусебна комуникација и тоа ќе доведе до незгоди (кои претходно ги предвиделе, но ја игнорирале интуицијата).

Вага + Јарец – можеби ќе го истераат патувањето заедно, но заради ситните навики кои ќе ги премолчуваат, потоа нема да сакаат да се видат.

Бик + Скорпија – можат да се поднесат во мали дози, бидејќи Бикот не сака драма, а Скорпијата живее за драматични ситуации и случки.

Лав + Јарец – два знаци кои обожаваат да доминираат, па затоа не можат да прават било каква активност заедно, најмалку патување.

Овен + Скорпија – и двајцата склони на испади, нема да престанат да се расправаат и сите места ќе им бидат клаустрофобични додека се заедно.

Водолија + Бик – имаат различни интереси во животот, па нема да може да се договорат кои места да ги посетат.

Лав + Девица – големи се шансите Лавот да ѝ го фрли распоредот на Девицата за шетање и посета на места до крајот на патувањето, бидејќи тој ја цени само спонтаноста.

Овен + Водолија – Водолиите имаат комплексен карактер кој тешко се прилагодува и тоа ќе им создаде фрустрации на Овните.

Близнаци + Јарец – два знаци кои не можат да се договорат за иста дестинација, па уште помалку за исти активности.

Овен + Девица – Девицата ќе западне во анксиозност и ќе добие панични напади доколку патува со Овен, бидејќи Овните никогаш не се придржуваат кон распоредот.

Бик + Близнаци – непредвидливите карактери може да ги спречат во планирањето на активности и да ги доведат до искажани зборови за кои подоцна ќе жалат.

Водолија + Риби – патување после кое ќе им треба одмор во самотија неколку дена, заради тврдоглавоста со која ќе се соочат.

Бик + Стрелец – Бикот не излегува од својата комфорна зона, па на Стрелецот ова ќе му биде ужасно досадно патување.

Овен + Рак – За да го истрпите Ракот на патувањата треба да имате многу трпение, а Овните не се толку трпеливи, па лесно може да избувнат кавги.

Близнаци + Скорпија – заради сличноста на темпераментот, ниту едно патување на овие два знаци не може да помине без кавги и изливи на бес.

Лав + Бик – За Лавот, патувањата се шанса да се забавува, додека Биковите имаат агенда и очекувања кои мораат да ги исполнат.

Скорпија + Скорпија – убедливо најлошата комбинација. Патување на кое и двете Скорпии ќе се „предозираат“ од емоции и кавги.