Овде живее Султанија Хурем: Не сака луксуз и модерен мебел, ќерките Лара и Лили го имаат главниот збор во шармантната дневна соба

Турска актерка со германски пасош го освои светот како Султанија Хурем, сопруга на моќниот Сулејман Величествениот. На врвот на својата популарност, Мерјем Узерли се соочи со синдром на исцрпеност и донесе одлука која ги шокираше продуцентите и гледачите: без објаснување ги спакува куферите, ги напушти и серијата и Истанбул и се врати во Берлин, каде што е родена.
Нервниот слом што го доживеа се одрази и на нејзиниот љубовен живот - вереникот ја остави додека беше во дрблажена уга состојба, а се шпекулираше дека се обидела да се самоубие скокајќи од тераса. Сепак, Мерјем Узерли успеа навреме да се ослободи од психичките и сите други проблеми. Денес тие се само грдо минато.
– Ова е мојот дом. Моите пријатели, моето семејство. Ги знам улиците како дланка. Се чувствувам добро. Не сум позната овде, јас сум исто како и сите други. Во Берлин не сум ѕвезда, туку слободна жена и мајка – изјави Мерјем пред неколку години, кога во својата ќерка Лара најде нова смисла во животот. Во меѓувреме добила уште едно девојче на кое и го дала името Лили и отворила кафетерија.
Берлин е космополитски град на чиј дух, шарм и современи погледи таа одамна е навикната. Таа на сличен начин го уредила домот. Често ја отвора вратата од својот стан за следбениците на Инстаграм кои бројат речиси осум милиони.
Бидејќи малата Лили неодамна го прослави четвртиот роденден, се подразбира дека дневната соба е секогаш полна со играчки и добра атмосфера. И Лара сака да игра, иако сега има 11 години. Оваа соба по правило е „централно седиште“ на секој дом, па иста е ситуацијата со Султанија Хурем.
Доминира белата боја, бојата на слободата и чистотата, како на ѕидовите, така и на парчињата мебел. До големиот камин, свое место најде интересна винтиџ гардероба, како и антички велосипед во форма на полица, додека сликите со необични мотиви откриваат дека популарната актерка е вљубеничка во современата уметност.
Има и цвеќиња, за да внесат топлина и свежина. А малата империја која ја делат три дами во главниот град на Германија станува уште поубава кога кај нив ќе дојдат баба Урсула и дедо Хусеин, родителите на Мерјем Узерли.
Foto:Instagram