Протеински палачинки и мали оброци: Диетата на Шакира

Познатата пејачка не крие дека е на постојан режим на исхрана, но како што самата нагласува во интервјуата, не да го намали вишокот на килограми. Нејзиниот личен тренер Ана Кајсер откри дека не е во прашање слабеење, туку дека нејзиното тело треба да биде физички подготвено и здраво за настапите. Кајсер е многу популарна и позната во својата работа. Во продолжение прочитајте ги трите тактики кои ги применува со Шакира за време на нејзините турнеи.

Протеин

Ана изјавила дека главен извор на енергија на Шакира е протеинот. Омилени ѝ се протеинските палачинки кои се богати со влакна. Лесно се подготвуваат, а смесата можете да ја чувате во фрижидер меѓу печењето. Нејзиниот рецепт вклучува 1,5 лажичка грчки јогурт, брашно и јајце.

Мали оброци

Шакира има „луд“ распоред, сака да вежба и да снима до доцна. Ана вели дека поради тоа е добро да има неколку мали оброци во текот на денот. Тоа го забрзува метаболизмот и го олеснува варењето.

Совршена комбинација 

Кога сте на интернационална турнеја и играте со часови, ви треба енергија која не можете да ја надополните со пиење кафе. Целата енергија Шакира ја црпи од храната. Во договор со Ана, таа комбинира намирници кои ќе ѝ дадат доволно енергија.