Око за око, лајк за лајк

Сериозно дали сме самите свесни накај каде тераме. Полни со осуда и критика за се што гледаме по социјалниве медиуми, секој еден од нас, скриншотова, форвардира, лајкува и коментира и што треба и што не треба, да не речам најголемиот дел се тоа што не треба. На осуда е голотија и перверзија а самите тие кои судат трчаат да кликнат лајк на полуголо тело, најбрз број на следачи секогаш добиваш со слика од голо дупе, а контра на тоа слика од некоја прекрасно уредена куќа, или мотив од природа на пример, има пола. Ова некако ми е локален муабет, балкански, свесни дека со главите сме пикнати во мобилен, па дури и оние кои на осуда ги стваат првиве, стануваат поголеми пазачи, па ти знаат и колку пати постираш и зошто, и анализа на карактер и дрн дрн до бескрај магичен круг на на ти го дај ми го, кој е попаметен.

Во период кога социјалните медиуми се оружје за масовна манипулација, и од сите страни излегува и станува достапно сенешто, за почеток ви предлагам да го одследите тоа што не го оправдувате, тоа што не го сакате, тоа што ви пречи и тоа што ви прави немир. Следен чекор, дајте си на себе време за работи кои комплетно го исклучуваат мобилниот телефон, без фотографирање на храната, без локации, без да броите како се местите за туѓ лајк. Понатаму, вратете се на пишана форма, книга макар и да е пдф верзија која ќе ја прочитате онлајн, макар и да е од оние љубовни романчиња за перење мозок, активирајте ја сивата маса на поинакво ниво. Запрашајте се зошто секојдневно биваме потруени со негатива, и таа негатива ни станува секојдневие, повозрасните се заробени од турско индиски продукции, со десерт политика пред телевизор секојдневно, помладите со лажни идоли на старлети и гастарбајтерска естетика од кои на крајот на денот процентуално грото, гарантирам дека не се среќни самите со себе.

Следен чекор, запрашајте се што јадете и зошто упорно тврдите дека немате време за готвење, а имате време да одремете два часа на инстаграм или фејсбук. Кои се намирниците што ги внесувате во себе, како тие делуваат на вашето расположение, на вашето здравје. Па следно, активност, макар да е обично пешачење до парк во сабота и недела, со патичиња без бренд. Има уште ама ќе започнам секое читање се повеќе да ве трујам со мои ритуали за себе грижа и себе задржување. Затоа што сум една од ретките која што е среќна овде, во оваа земја, а не сум во моќниците, туку сум дел од нормалното општество, без грб, без богати родители и богат сопруг да ми пере образ за одбрана професија.

Изминатиов викенд се решив да променам средина, видов дека нешто не е во ред со мене и морав да делувам, па после 10 години молење, конечно се решив да одам на планинарење со вујко ми кој веќе 25 години го прави тоа. И нормално, не може поинаку стилот ми е таков, директ драјв во финале, од 4 месеци лежење, освоив планински врв од 2100м, со пешачење 25км во растер од 1600км. Алтернативно, по неозначени стази, кроз три врсти на шуми и со огромни плускавци на нозете од позајмени гојзерици. (нормално дека немам нели, не сум по планинарењето) И на милион и еднаш ми дојде во глава дека не можам понатаму, и на милион и два си реков ма кој те тркала Ивано, се нафати има да тераш до крај. Не можеш на нозе, седни на задница симнувај се, нема вода, јади диви капини. Вујко ми вели дека со планинарење се зацврстува карактер, психата ти станува посилна, се ставаш на тест до каде можеш да одиш. Сега го искусив лично тоа. Сите км истрчани на стаза паднаа во вода, дури и скокот со параглајдер не беше толкав адреналински шок како заглавување во борова шума која ја симнуваш под агол од 80 како знаеш и умееш, како те води инстинктот. Видов диви кози и елен, кои се на мета на локални ловџиски друштва и се со цена дадена од човек, а реално се бесценети. Видов дека и те како не сме свесни колку ни е загаден воздухот, од нас нели, и не мора да чекаме магли за да се почувствува тоа. И видов колку не знаеме што се има на ова тло. Караџица е планина во склоп на масивот Јакупица, Мокра Планина. На 40км од Скопје влегувате во сосема поинаков свет, се уште неискварен, наивен и бескрајно див, секој дел на свој начин. Сега веќе ќе набавам свои гојзерици, (не може со патики верувајте ми за ова) и ќе дадам се од себе да го организирам времето и еден викенд месечно да си дозволам да дознавам нешто ново од земјата во која живеам, а не да го гледам на јутуб на видеа снимени од странци. И понатаму ќе го задржам концептот на интернет старлета, без грижи, тука се голите слики, но ќе ги комбинирам со тоа е што е вистинско, тоа што вистински вреди.

Јас сум Ивана Кнез, мал совет до ловџиите мудоњи, следен пат наместо кеш за убиена коза, пробајте со кеш за фотографија од жива коза или било кое диво животно. Ем нема жртви, ем адреналинот ќе ви е поголем, предизвикот ќе ве подигне на пиедестал за херои.

Се читаме следната недела.

П.С. Предлог за чистење на душа, Clair de Lune Debussy, и сами направете си палачинки од овесно брашно, банана и чиа, залиени со домашен џем од малини и мед. Частам чашка добар коњак уз ова, онака, ко на најмили. Намасте Прелепотици.