Oдлична можност за вработување

ПРОКРЕДИТ БАНКА ОРГАНИЗИРА ОТВОРЕН ДЕН ЗА СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЛИЦА СО ИЛИ БЕЗ ПРЕТХОДНО РАБОТНО ИСКУСТВО

Доколку сте при крај на Вашите студии или сте неодамна дипломирани отворениот ден на ПроКредит Банка е одлична можност за Вас. На овој ден може да се запознаете со дел од вработените во банката, да поразговарате за отворените позиции за работа и да дознаете повеќе за корпоративната култура и начинот на работа на институцијата.

Одвоете половина до 1 час на 13.02.2020, со почеток во 15.00 и дознајте повеќе за сите детали во врска со можноста за вработување.

Како дел од интернационална групација, ПроКредит Банка нуди одлична можност за тренинг Onboarding програма преку која сите нововработени имаат можност да се запознаат со банката и услугите кои им ги нудат на клиентите.

Не двоумете се и пријавете го Вашето присуство со испраќање на CV на mkd.job@procredit-group.com