Од Северџане до Ваљон Сума: Чија музика ќе се финансира со народни пари?

Министерството за култура повторно се најде во фокусот на јавноста откако пред неполна недела го објави списокот со проекти финансирани од државата како дела од национален интерес за македонската култура за тековната 2020 година.

Како и претходните години, со народни пари ќе биде стимулирано и издавањето нова музика, а на листата се најдоа и многу уметници кои не ѝ се толку познати на пошироката јавност. 

Интересно е што 1.200 евра (75.000 денари) за издавање на цеде му се одобрени на Северџане Лачи, истиот човек кој минатата година, пак, самиот одлучувал за судбината на своите колеги како член на комисијата за фолклор и музичко-сценска дејност.

Од областа на македонскиот фолклор со пари од граѓаните нови цедеа ќе имаат можност да издадат и уметниците Јетмир Беља (75.000 денари) и Фети Јакупи (60.000 денари). За издавање на носач на звук, Министерството за култура ѝ одобри 150.000 денари и на младата фолк-пејачка Елена Андоновска.

Нова музика со народни пари ќе издаде и Ваљон Сума (70.000 денари). Дино Имери и Владимир Крстев ќе добијат по 80.000 денари за истата намена, а нешто повеќе, околу 2.000 евра, ќе добие Јулијана Николовска.

Комплетните резултати од Годишнитe конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година можете да ги погледнете ТУКА.

Ѓ.С.