Од семејна среќа до исушени бели цветови: Каква порака крие Денот на вљубените?

14 февруари, односот Свети Валентин или Денот на вљубените секоја година се' повеќе добива на значење и го привлекува вниманието на оние кои се пар. Да, на оние заљубените. Овој ден сите си искажуваат неизмерна љубов, си подаруваат разни работи во симбол на љубовта... Но, сте се запрашале ли некогаш зошто се празнува овој ден?

Симбол на Свети Валентин е римскиот бог Купид, кој е прикажен со лак и стрела. Постои верување дека оној кој ќе биде погоден со неговата стрела, веднаш ќе се заљуби, но името на овој празник не е добиено по овој бог. Имено, празникот името го добил по светецот Валентин кој живеел во третиот век по Исус Христос.

Свети Валентин - заштитник на празникот на љубовта

Овој свештеник тајно ги венчал римските војници и нивните израбнички, бидејќи во тоа време римскиот цар Клаудие донел наредба, според која ниту еден војник не смеел да се венча, со цел да не му се одвлекува вниманието за време на војувањето. Оваа одлука морало да биде почитувана, а најмногу од свештениците, но свештеникот Валентин не потклекнал на овие наредби. Си ја ризикувал слободата или во најлош случај животот и тајно ги венчал војниците. На 14 февруари, еден ден пред римскиот празник Луперкалија, на свештеникот Валентин му била отсечена главата, бидејќи бил откриен, а по неговата смрт народот го прогласил за светец. По зацврстувањето на христијанството, тогашното свештенството се одлучило тој датум да се слави како ден на Светиот Валентин.

Целиот текст прочитајте го на ХАШТАГ.МК