Обожава широки панталони, шишките ѝ се заштитен знак: Стилот на Тамара Котевска

На само 26 години, Тамара Котевска го освои светот со својот талент и харизма.

Родена во Прилеп, македонската режисерка, сега најпозната по документарецот со две номинации за Оскар, „Медена земја“, дипломирала на Факултетот за драмски уметности на универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, токму со акцент во документарниот филм.

 Минималистичка комбинација со интересен крој на панталони ( Фото: Gabriel Romero, Festival in LA ©2019) 

По она што може да го забележиме од фотографиите на социјалните мрежи, како и од јавните појавувања на Тамара, таа има свој специфичен стил.

Црнобело фустанче со мотиви од „Медена земја“

Котевска повеќе сака комбинации со широки панталони искомбинирани со лежерна кошула или комбинезони. 

При јавните настани, во нејзиниот избор доминираат широките панталони

Иако често може да ја видиме и во необични фустани со интересен крој. Стилот ѝ има ретро - хипи елементи.

Во секојдневна опуштена комбинација со хипи детали

Сепак кога станува збор за црвен килим, или Оскаровски гламур, Котевска избира елегантни тоалети, со потпис на македонски дизајнери.

Елегантни изданија на режисерката

Претпознатлива е по нејзината фризура во која доминираат кратките шишки. Но има уште нешто кое никогаш не изостанува од ритуалите за убавина на младата режисерка. Тоа е природната шминка на нејзиното лице. Преферира нежен изглед за секоја пригода.

Осатануваме во нетрпение како ќе изгледа на доделувањето на Оскарите. 

Фото: Фејсбук страница „Honeyland“ и Тамара Котевска

Д.Караташова