Облеката за настапи ја шиеше мајка ми: Лепа Брена милион модни чекори пред Мадона и Кардашијан

Лепа Брена како девојка беше свесна дека има убаво тело и не се двоумеше да го покаже.

На само 16 години почна да заработува. Тогаш имаше 84 килограми, беше крупна, јака и одлучна дека мора да ослабне за на сцената да изгледа онака како што си замислуваше.

- Никогаш никој не ми рече дека сум дебела. Секој слободен понеделник одев кај мајка ми и ѝ носев скици од костими- раскажа Брена за хрватските медиуми.

Мајка ѝ тогаш ѝ кажала нешто што ќе го памети за цел живот: „Премногу разголени колкови не покажуваат сексуалност. Вулгарноста е израз на една жена, но ти тоа го немаш во себе, па мора да го носиш овој костум“.

- Секогаш добро ќе ме погледнеше напред и назад и повторуваше „ти можеш ова да го износиш бидејќи знаеш како се носи“. Така со благослов од моите родители одев на настапи во тие мои крпчиња, фустани со исечоци, кои станаа симобил на едно време- вели Брена.

Сама ги смислувала светкавите костими, кратките здолништа и шорцеви во кои беше вистинска атракција. Секогаш предизвикуваше бура од реакции со своите провокативни фотографии.

Брена отсекогаш знаела како сака да излезе на сцена. По светкави материјали одела во Трст, било каде во странство. Модните магазини не ѝ беа потребни бидејќи до најситен детал го осмилуваше костимот, а мајка ѝ внимателно тие идеи ги правеше реалност.

- Не знам ни колку такви костими имам. Се собраа, мојата кариера трае од 80-тите. Со години ги складирав кај мама во станот, но некој провали и оттогаш немам ни еден костим од тоа време. Денеска гардеробата која не ја носам, обично ја дарувам, бидејќи ако чувам се што носам на сцена, би ми требале милион квадрати- заклучува Брена.

На почетокот на својата кариера, Лепа Брена не се плашеше да излезе во крзнен костим за капење или корсети кои децении подоцна ги носеа Мадона и останатите светски пејачки. Факт е дека таа беше чекор пред времето, а многумина како да ја копираа.