Новак откри: Каде беше Јелена Ѓоковиќ за време на финалето на Вимблдон

Во историски меч на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Роџер Федерер и стигна до петтиот победнички пехар во Лондон. На финалето од публиката на теренот поддршка доби од своите родители и синчето Стефан.

Додека сопругата на Федерер го имаше своето место меѓу присутните, Јелена- понежната половина на српскиот тенисер не беше тука. Сите се запрашаа која е причината за тоа.

- Мојата сопруга и ќерка се во Лондон, но се дома. Им праќам една голема прегратка. Ве сакам и се гледаме наскоро- изјави Ѓоковиќ по подигнувањето на пехарот.

Иако многумина се сомневаа дека има проблеми во бракот на познатата двојка, Новак им ги разреши сите дилеми по долгиот меч.

Јелена пак на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии со кои му упати искрени честитики на својот сопруг.

Ѓоковиќ од 2014-година е во брак со Јелена Ристиќ. Двојката има две деца, синот Стефан и ќерката Тара. 

Сопругата на Новак Ѓоковиќ и директор на Фондацијата Новак Ѓоковиќ, а тенисерот многупати изјавил дека таа ја жртвувала својата кариера само за опстанок на нивната врска, и дека тој ѝ е вечно благодарен за тоа.

Фото: Getty, BBC