Номинации за Brit Awards 2020: Каде се поп-ѕвездите?

Дејв и Луис Капалди водат со по 4 номинации на престижните Brit Awards 2020 што ќе се одржат утре во лондонската 02 Арена: За најдобар машки соло уметник, најдобар нов уметник, песна на годината и престижниот албум Мастеркард на годината.

Домаќин на 40. издание пак ќе биде Џek Вајтхол.Меѓу учесниците на сцената се Лизо, Дејв, Били Ајлиш, Селест, Хари Стајлс, Луис Капалди, Мебел и Сторми. 

Brit Awards се доделуваат од 1977 година, како британски пандан на американските награди „Греми“, а организатор е Британската фонографска асоцијација.