Моден фокус // Трендови
Нина Бадриќ во шик светкаво палто диктира мода: Одличен крој за секоја женска фигура
- 03 Јануари, 2025

Во рамките на повеќедневната новогодишна прослава во Сараево, Нина Бадриќ вчеравечер одржа концерт пред градското собрание во главниот град на БиХ. Новогодишниот сјај се‘ уште трае, па и Нина избра соодветен аутфит.
Нина Бадриќ за концерт во Сараево на самиот почеток на 2025 година избра многу впечатливо парче - идеално за овој празничен период.
Пејачката за нејзиниот сценски изглед избрала преголем капут од гламурозен материјал кој богато светка. Црното светкаво палто има нагласени раменици, а кројот е малку предимензиониран, што одговара и на помали и пооблини женски фигури.
Нина на стајлингот додаде висечки обетки и црн лак на ноктите. Одличен изглед!
Фото: Инстаграм