Никол Кидман денес слави роденден: Работи кои не сте ги знаеле за 52-годишната актерка

Една од најдобрите актерки во својата генерација, славната оскаровка Никол Кидман, денес полни 52 години. Родена е на 20 јуни 1967 година во Хонолулу, Хаваи, а целосното име ѝ е Никол Мари Кидман.

Татко ѝ бил биохемичар, психолог и писател, а нејзината мајка работела како лектор. Израсната е во Сиднеј, а актерската кариера ја започнува уште во тинејџерските години.

Двапати се мажеше. За актерот Том Круз со кого има две посвоени деца и за музичарот Кит Урбан со кој сѐ уште е во брак и има две биолошки ќерки.

Во 2003 година доби своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, истата година кога го доби и оскарот.

За потребите на филмот „Љубовта пред сѐ“, Кидман долго престојувала во руската амбасада и јазикот го учела од жените вработени таму.

Иако е родена како левак, научила да пишува со десна рака за снимањето на филмскиот хит „Часови“.

Висока е импресивни 180 сантиметри. Речиси десет сантиматри е повисока од пораншениот сопруг Том Круз, па додека беше со него, на црвениот килим никогаш не носеше високи потпетици.

Алергична е на јагоди и се плаши од пеперутки!