Ние знаевме дека е аутизам, но не и докторите: Уметникот Зоран Кардула емотивно за својата ќерка

„Одевме насекаде во земјата и регионот на консултации, посетувавме логопеди, дефектолози, но официјална дијагноза не добивме. Ние знаевме дека е аутизам, но не и докторите. Кога наполни 7 години, Ерато на хартија имаше дијагноза - аутизам“. 

Познатиот македонски уметник, сликар, графичар и дизајнер, Зоран Кардула ја напиша книгата „Гуш и бац“, составена од 47 зборови, кои ги изговара неговата ќерка, Ерато, која има 11 години.

Но, тоа не е обична книга, а Ерато не е обично девојче. 

„Ерато на почетокот се развиваше како и секое друго дете. Постојано зборуваше, но ние ништо не можевме да ја разбереме. Не ни помислувавме дека нашето дете има некаков проблем. Мислевме дека и се мешаат јазиците, бидејќи јас зборувам на влашки, а мојата сопруга на македонски јазик. На 18 месеци, забележавме дека нашата ќерка не се развива како што беше случајот со постарата ќерка. Со текот на времето, Ерато стана нервозна, не можеше да го задржи вниманието, постојано се движеше, не одговараше кога ја довикуваме по име, ја интересираа само рекламите на телевизија“, раскажува Зоран.

Целата приказна за Ерато прочитајте ја на Блиц.рс.


Фото: Васе Аманито, В, Џамбаски