Актуелно // Insta вести
„Нека здравје, среќа и љубов ве следат вас и вашите најблиски “: Велигден во домот на водителката Марјана Станојковска

Денес го празнуваме големиот христијански празник Велигден. Ден и кога домаќинките ги презентираат велигденските украсни трпези и креативни јајца.
Водителката Марјана Станојковска објави фотографии и навистина се потрудила околу велигденската трпеза.
Розово - бела комбинација на велигденски јајца и декорации кои идеално се вклопуваат со нејзинот изглед во бело.
„ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! Нека здравје, среќа и љубов ве следат вас и вашите најблиски, a велигденската светлина нека ви го исполни домот со мир и радост. За многу години! Да сме здрави, живи и секогаш заедно! Честит и благословен Велигден!“, напиша Марјана.
РЖМ