НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: На три знаци ќе им се насмевне среќата

Овен 

Можеби ќе ја изненадите околината со повлекување во себе. Некои од вас искрено ќе се грижат за блиските личности и со нив ќе ги координираат плановите. Во слободно време може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. Избегнувајте ги напорните работни задачи бидејќи лесно ќе се заморувате.

Бик 

Сите обврски ќе паднат врз вашиот грб. Бидејќи сте дозволиле околината да ве смета за личност која е способна за се, која не знае да каже „не“, тогаш мора и многу да се потрудите. Обидете се од време на време да кажете некоја лага или изговор доколку сакате да се спасите од нападните. 

Близнаци 

Оваа недела премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините.

Рак 

Ова ќе биде динамична недела. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Викендот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започнете и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансиската состојба без позначајни промени. 

Лав

Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Воглавно се може да се одвива со успех, но немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши потенцијали. 

Девица 

Оваа недела ќе се чувствувате помалку ранливо и заштита ќе побарате во друштвото на саканата личност. Личност со која едноставно можете да седите во потполна тишина без трошка на непријатност ќе ви биде најдобро друштво.

Вага 

Ќе бидете доста активни на забавните настани, па кон крајот на викендот ќе почувствувате голема исцрпеност. Можна е средба со некоја љубов од минатото. Внимавајте како се однесувате. 

Шкорпија 

Ќе имате речиси идеални услови за започнување на нов проект. Ќе го прифатите со особено задоволство, а имате и повеќе од доволно енергија да ги направите првите чекори кон негово реализирање. Сето тоа ќе придонесе за ваша афирмација во средината во која работите. 

Стрелец 

Ќе бидете опкружени со луѓето кои ги сакате, а дружењето ви носи голема радост. Овој викенд внесува многу светло во вашиот живот. Уживајте во убавите моменти. Во љубовта ќе бидете задоволни, а ќе имате и решение за некои проблеми. Кога се во прашање парите не сте склони кон компромиси. 

Јарец 

Добрите вести кои ќе ги слушнете од вашите пријатели во текот на денот, пријатно ќе ве изненадат, со што лесно ќе ги надминете сегашните проблеми. Изгледа вашиот партнер ќе доживее успех и со тоа многу ќе придонесе за заедничката благајна. 

Водолија

Вашата неодлучност ќе ви претставува пречка за извршување на работните задачи. Многу тешко ќе успеете да ја одржите својата рамнотежа како на работното место така и во љубовта. Преголемите обврски ќе ви наметнат доста проблеми и непријатно расположение. 

Риби 

Оваа недела ќе го поминете во голема напнатост, а тоа значи дека ќе имате одредени проблеми со луѓето. Ако сте во брак или долга врска, постои опасност да почувствувате монотонија во заедничкиот живот, па излез можете да побарате во работата и излегување со пријателите.