Не седев на кауч, се мачев и работев: Лејди Гага со емотивен говор на Оскарите

Музичката биографија на легендарната група „Квин“, „Bohemian rhapsody“ освои четори статуетки на доделувањето на Оскарите во Долби театарот во Лос Анџелес. Филмот зема награди за главна машка улога, монтажа, монтажа на звукот и за звук.

По еден Оскар помалку, вкупно по три добија филмовите „Black Panther“, „Green Book“ и „Roma“. 

За најдобар филм е пргогласен Green Book, кој доби награда и за оригинално сценарио, а според многумина очекувано Рами Малек и Оливија Колман се добитници на Оскарите за најдобри главни актери. Махершала Али освои награда за споредна машка улога, а Реџина Кинг за споредна женска за филмот If Beale Street Could Talk. 

„ Воопшто не е лесно да се најдеш пред предизвикот да го ограш Фреди Мерјкури, кој е хомосексуалец и емигрант. Моите родители се од Египет, така што и јас сум емигрант. Моите родители подоцна се преселија во Калифорнија“, изјави Рами Малек. 

Филмот „Green Book“ е инспириран од вистинска приказна за афроамериканскиот пијанист Дон Ширли, кого го толкува Махершала Али и неговиот возач и телохранител Тони Липа, кого го толкува Виго Моргенсен, на турнејата по американскиот југ.

Најдобра актерка е Оливија Колман за „The Favourite“. 

Алфонсо Куарон е награден за режија како режисер на филмот „Roma“. Филмот беше номиниран и за главна машка улога за Виго Мортенсен, како и за монтажа, а доби Оскар и за најдобар странски филм.

Режисерот Спајк Ли, доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио за филмот „BlacKkKlansman“. Ли во 2015-та година доби Оскар за животно дело.  Филмот „A Star Is Born“ со Лејди Гага и Бредли Купер, кој беше номиниран во неколку категории, доби Оскар за оригинална песна „Shallow“. 

„Мојата сестра, мојата сродна душа, ја сакам. Ве сакам мамо и тато“, рече Лејди Гага низ солзи. Бредли, не постои човек на планетава со кој би пеела вака како со тебе. Ова не се постигнува од дома, седејќи на каучот. Јас не седев на каучот, јас работев, макотрпно работев“, рече пејачката и актерка. 

За прв пат по 1989 година, церемонијата се одржа без водител.

Пред Оскарите, се доделија наградите од Британската академија за филм (BAFTA), како и наградите од Американското здружение на продуценти (Producers Guild of America - PGA), Американското здружение на режисери (Directors Guild of America - DGA) и Златните глобуси.