Не му требаат ни наочари: Дедо на 98 години сѐ уште лекува пациенти

Кога францускиот лекар Кристијан Шенај го примил првиот пациент во 1951 година, пеницилинот бил најмодерниот лек. Сега има 98 години и се’ уште два дена во неделата прима пациенти во својата ординација, меѓу кои се и некои кои ги лекува со децении.

Шенај нема здравствени проблеми, дури не носи ни наочари. Вели дека не видел ништо привлечно во пензионирањето.

- Ако имате над 60 години, веќе сите ве вбројуваат во старци. Еден ден ви даваат карти, другиот ден томбола, третиот ден судоку. И преку ноќ се претварате во потполен идиот. Подобро ми е како лекар - искрен е Французинот кој во еден ден најчесто прегледува и по 20 пациенти.

Пред да започне да се занимава со семејна медицина, Шенај специјализирал радиологија, а пред студиите работел како заварувач.

Неговата амбуланта не ги следи денешните технолошки трендови, има факс, но не и компјутер. Нагласува дека единствената новост во неговата седум децении долга пракса е феноменот пациентите сами да си одредуваат дијагноза и потоа да доаѓаат кај него по лекови.

Француските лекари заминуваат во пензија просечно на 67 години. Интересен момент е што и синот на Кристијан, кој е исто така лекар, веќе се пензионирал.

- Ако по цели денови седите и гледате телевизија, брзо ќе заглупавите - порачува тој.