Не ја примаат во градника, причината апсурдна

Една градинка одби да запише девојче по име Ела. Што е причината? Нејзиното име! Не, името на Ела не е чудно, лошо или со скриено значење - причината е всушност неверојатно апсурдна ...

Ако веќе сте имале шанса да побарате детска градинка за вашето дете, тогаш знаете колку може да биде тоа стресно за родителите, па дури и за детето. Сепак, една мајка во Берлин речиси паднала во несвест кога добила одговор од градинка во која нејзината ќерка Ела била одбиена поради нејзиното име. Оваа невидена дискриминација не се случила поради првите причини кои ви текнуваат - името е нетранспарентно, навредливо или „погрешно", и религиозно или национално. Во објаснувањето кое им е дадено на родителите, тие рекоа дека не можат да ја запишат нивната ќерка во градинка „затоа што во групата веќе има девојка по име Ела".


Се разбира, шокирана мајка ја информираше јавноста преку социјални мрежи, а исто така и новинарите.

„Жалам, веќе имаме една Ела"

Со оваа реченица започнало објаснувањето од градинката испратено преку е-маил до мајката. Тие потоа го објаснуваат тоа - во случај да се две девојчиња по име Ела - тоа ќе биде проблем да ги нарекуваат по име. „Ако има две девојчиња со истото име Ела, нема да им биде јасно на кого се обраќаме кога ќе го кажеме тоа име".

Овој пост предизвика многу критики

На социјалните мрежи имаше многу коментари од типот: 

„Имињата на децата мора да се состојат од најмалку 12 знаци, еден број и еден интерпукциски знак", напиша еден корисник. „И секои 90 дена треба да се менуваат", додаде саркастично друг. Еден корисник заклучил: „Веќе нема да се чудам на луѓето кои го нарекуваат своето дете Брумхилда."