„Не го сфаќав тоа сериозно и го занемарував“: Медицинска сестра предупреди на необични симптоми за рак на дебело црево

Foto: Printscreen/instagram

Медицинската сестра ги откри сите симптоми кои ги имала пред да и биде дијагностициран рак на дебелото црево.

Ракот на дебелото црево до неодамна се сметаше за болест на постарите лица, но во последно време тој зафаќа се повеќе млади луѓе. Постојат различни симптоми кои можат да укажуваат на рак на дебелото црево, но тоа не мора да биде така.

Медицинска сестра го сподели своето искуство кога станува збор за откривање на овој тип на рак.

Бејли МекБрин (24) со месеци страдала од необично подригнување, а потоа симптомите ѝ се влошиле и морала да оди на темелен лекарски преглед.


Оваа млада медицинска сестра претходно живеела здрав живот, не можела ни да помисли дека ќе ѝ дијагностицираат рак.

Сè започна во 2021 година, кога таа подригнувала и по десет пати на ден. „Тоа не ми се случило порано, но не мислев дека е сериозен проблем“, вели Бејли. 

„Се чувствував поздраво од кога и да е во мојот живот, вежбајќи четири до пет пати неделно.“

Потоа добила металоиди, но лекарите ѝ рекле дека тоа е само анксиозност.

Кога добила силни грчеви во стомакот, го изгубила апетитот и добила запек, нејзината состојба веќе била лоша. Направила дополнителни анализи, а благодарение на медицинското знаење сфатила дека има некоја пречка во дигестивниот систем. Во третата фаза ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево.

View this post on Instagram

A post shared by Bailey Marie Mcbreen (@baileymcbreen)



Итно била оперирана, а потоа дополнително добила и хемотерапија. Таа решила да го сподели своето искуство токму затоа што првичните симптоми биле крајно невообичаени.

„Никогаш не би помислила дека таква безопасна болест може да биде симптом на рак во третата фаза“, вели Бејли. „Првото нешто што го кажав беше - „Не сум подготвена да умрам“. Плачев, се каев за мојот претходен живот.

Сега сакам да го свртам вниманието на луѓето на фактот дека сè што им се случува, што е ново и непознато за нив, треба да биде предмет на нивниот интерес. Важно е да го слушате вашето тело“, заклучува младата Американка.