Не го фрлајте талогот од кафе: Корисен е за многу работи во домот

Талогот од кафе наместо да се фрли може да има повеќе намени и да се искористи.

Во комбинација со пире од свежо авокадо е одлична маска за лице. 

Ако сакате да се ослободите од мирисот на кромид или лук на рацете, истријте ги со талогот од кафе. 

Ако сакате да се ослободите од лошиот мирис во станот, тогаш талогот од кафе ставете го во мал сад близу кантата за ѓубре. 

Со талогот од вашиот омилен напиток можете да си приготвите прекрасен анти-целулитен пилинг. За таа цел треба само да го измешате со малку цимет, шеќер или мед. 

Талогот од кафе ги отстранува и маснотиите и нечистотиите од чиниите и тенџерињата. 

Талогот со вода и земја може да се стави во саксии за потхранување на цвеќињата. 

Мирисот на талог од кафе ги брка инсектите.

Талогот може и да го замрзнете во фрижидер и секогаш кога ви треба да ви е при рака.