ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Научете да живеете!

1. Барем две недели, секој ден пред спиење сетете се на три добри работи кои тој ден ви се случиле. Потребни се две недели за да стекнеме навика повремено да се насочуваме и на позитивната страна на животот која лесно ја пропуштаме. По овој период продолжете периодично да ја практикувате оваа вежба.

2. Напишете пет работи поради кои сте благодарни во животот.

3. Еднаш неделно сетете се на една работа поради која сте благодарни. Сетете се на член од семејството, на пријател или на колега на кој поради нешто сте му благодарни. Ако тоа не сте им го рекле - искористете ја првата можност истото да го сторите.

4. Ако имате слободно време, станете волонтер. Тоа е најефективниот начин да бидете среќни. Помагањето на другите ќе ви ги пренасочи мислите од сопствените проблеми и животот ќе ви добие вистинско значење. Ако сте презафатени, вклучете се во такви проекти барем повремено.

5. Размнислете кое друштво ве опушта и ве смирува. Кои луѓе добро влијаат на вас. Одвојте време за нив и обидете се почесто да бидете заедно.

6. Размислете дали животот премногу ви станал едноличен и дали имате доволно предизвици. Кога последен пат сте правиле нешто во кое што до толку сте се внеле, па комплетно сте заборавиле на времето и на се друго околу вас?

7. Имајте било каква физичка активност. Вежбајте, трчајте, шетајте, пливајте, танцувајте.. Секоја физичка активност го поттикнува создавањето на таканаречениот хормон на среќа  и тоа е наједноставниот начин да си помогнете во најкраток рок. Не заборавајте на музиката. Ако не ви се вежба и танцувањето ќе биде и повеќе од доволно.

8. Секој ден барем најмалку дваесет минути поминувајте ги на дневна светлина. Пожелно е тоа да биде на сонце и во некое зелено опкружување.