Настан пред модната ревија

  Почнав да се облекувам за да одам во хотелот. Но, Габриел инсистираше да останам вечерта кај него: „Сакам да останеш ноќва. Ти си ми гостинка. Ќе излеземе на балкон и заедно ќе ја гледаме месечината“.

  Излеговме на балконот. Тивка ноќ. Месечината испушташе некаква скриена огнена светлина и околу неа создаваше мал огнен обрач, кој се разбиваше од темно-сините сенки на ридот кои нежно навлегуваа во неа. Интересен сплет на бои кои се прелеваа со нивната неверојатна игра и хармонија. Градот спиеше чуван од разноликите дрвени круни кои мирисно процветани, тивко ја замаглуваа бледата светлина која паѓаше од уличните фенери. Тревата под нив светкаше правејќи кругчиња од монистрени патеки кои под таа пригушена светлина изгледаа како ѕвездени патеки.

  Глетката беше како од бајка. Дуваше пријатен ветар. Тишината на темната ноќ беше сè поголема додека градот сонлив потонуваше во неа. Единствено тишината беше прекинувана одвреме-навреме од летот на некоја птица која ги размрдуваше своите крилја.

  Седевме на бела бамбусова гарнитура. Всушност, како што забележав скоро цел мебел во куќата беше бел. Габриел ми ги држеше рацете, ми ги бакнуваше, ме прегрнуваше. По некое време почна пополека и нежно да ми зборува: „Многу сум среќен со тебе, мила. Ноќва е наша. Им кажав на сите, утре попладне околу пет часот продолжуваме со вежби за модната ревија. Рекламата на телевизија да се среди бидејќи од понеделник ќе биде пуштена во програма на телевизија“.

  „И мене ми е пријатно со тебе Габриел. Ме почитуваш, ми изјавуваш љубов, тоа ме импонира. Покрај тебе се чувствувам задоволна, со гордост и со достоинство“, му одговорив. Тој се насмеа и продолжи: „Мила, видов многу убави манекенки. Под тој раскош се криеше, секогаш, лакомост и перфидност. Во овој гламурозен свет ништо не е интересно освен парите. Парите се главни. Имав многу врски со манекенки, но секогаш штом станеа славни се претвораа во нечовечни и во неверни жени. Со текот на времето, почнав да ги игнорирам. Тебе уште кога те видов знаев дека си исклучок“. Почна да ме бакнува страствено. Останавме уште извесно време на терасата, восхитувајќи му се на пејзажот, кој беше чудесен и неповторлив.

  Застуде и влеговме внатре во собата. Неговите раце нежно допираа под мојата тенка ноќница и ги допираа моите тврди миризливи гради кои изгледаа како две круши. Потоа, ме крена в раце и ме однесе на голем кревет со балдахин, кој се наоѓаше во средината на собата.

  Го чувствував треперењето на неговите раце, кои ми го милуваа телото. Се наведна и почна да ми ги цица и да ми ги бакнува малите прсти од нозете. Неговите раце беа темелни. Ги џвакаше глуждовите, ги бакнуваше колената, а јас воздивнував. Секој лесен пресврт со неговиот јазик ми предизвикуваше длабока воздишка. Тој не сакаше веднаш да ја нападне мојата атрактивна пичка, туку сакаше да ме излуди.

  Станав и жестоко седнав на неговиот кур. Почнав да мешам со ненаситна брзина. Габриел ми ги држеше бутовите и со својот прст нежно влегуваше и излегуваше во мојот анален отвор што уште повеќе ме излудуваше. Ми беше невообичаено пријатно. Тивко стенкав додека тој нежно ме притискаше кон него, чекајќи сама да влегувам во тој негов извор на страст. Габриел забрзано дишеше и стрпливо го чекаше секој мој налет на неговиот тврд орган. Од курот му течеа лиги. Целата бев влажна, лигава. Ова ебење го достигна својот врв. Откако го сфатив ова, мојот оргазам веднаш го потресе целото тело како торнадо! Какво необично чувство! Ги почувствував првите грчеви надолу по ’рбетот и целото тело и инфилтрацијата на адреналин и сила. Во тој миг и Габриел почна да свршува. Свршивме во еден заеднички миг. Целата сперма навлезе во мене. Задоволството беше преголемо и за двајцата. Потоа влеговме во бањата за да се истуширавме и легнавме да спиеме.

  Утредента бевме попладне во студиото. Едвај чекав да отидеме на снимање. Ќе се видам со сите и тоа многу ме радуваше, а особено тоа што ќе ја видам Бека. Модната ревија ќе биде за некој ден.

  Кога влегов во студиото немаше никој, само Хамасаки и како по обичај повторуваше вежби кои ќе ги работиме денес. Сама вежбаше и се гледаше во огледалото и онака заповеднички си ги повторуваше на глас:

  1. Како да одам како модел на модна писта? 

Одењето како модел на модна писта е едноставно да се започне, меѓутоа мора да се усоврши. Не грижете се, вежбањето е половина од забавата! Дознајте како да работите на техниката за пешачење со потпетици, држејќи ги нозете една пред друга. Вежбајте упорно!

  Потоа, запознајте ги техниките за одржување фокусиран и подготвен израз на лице:

  2. Како да го поставите изразот на лицето?

  Поставете ја брадата малку надолу. Не да виси или да е спуштена главата, туку како да имате невидлив цевка прицврстена на врвот на главата, која ќе ве држи, затоа што кога ќе бидете на модната писта ќе бидете над публиката и така вашата брада ќе биде малку навалена надолу, а тоа ќе ѝовозможи на публиката да види повеќе од вашето лице. Покрај тоа, одржувањето на брадата малку надолу ќе додаде агол на вашето лице и ќе ви помогне да поседувате малку став.

  Оттука, кои техники се потребни за подобрување на вашето држење, стил со цел да се постигне усогласен ритам и да се стекне самодоверба?

  Слушајќи го ова како си го повторува одново и одново, почнав да се смеам. Но, Хамасаки ме погледна налутено и јас прекинав и ја следев внимателно. Пристигна Бека. Ме избакна кога ме виде како да не ме видела сто години, а не една вечер. Се собраа и другите манекенки и почнаа вежбите. Вежбавме, но Хамасаки, секогаш, беше најзадоволна од мојата работа, а особено денес ме гледаше милно.

  По некое време ми заѕвони мобилниот. Помислив дека е Габриел и не му обрнав внимание. Но, телефонот упорно ми ѕвонеше. Видов, Кире ме бара и наеднаш му се јавив за да не им пречам на другите и со остар тон го прашав: „Кире знаеш дека сум на работа, зошто ми ѕвониш?“

Кире беше страшно вознемирен, едвај ми проговори: „Вики...“

ТУЃИНКА