Нарачала пица, па на шокантен начин дознала дека нејзиното момче ја изневерува: Еве како неговото неверство излегло на виделина

Сабрина Лоу, инфлуенсерка која промовира веганство, наводно дознала дека нејзиното момче ја изневерувало благодарение на нарачката пица со виршли.

Бразилката Сабрина Лоренцо, која има речиси 90.000 следбеници на Инстаграм, наводно го разоткрила прељубникот додека нарачувала храна од апликација на неговиот мобилен телефон. Таа го пронашла неговото барање за пица со додатоци од месо во неговата историја на нарачки.

„Не можев да верувам во тоа што го гледам“, рече таа.

Веднаш се посомнева, со оглед на тоа дека и нејзиното момче е веган.

Тогаш сфатила дека нарачката е за друга личност.

„Знаев дека тоа не е за него. Секогаш зборувавме за важноста на веганството и тоа беше голем дел од нашите вредности. Се заљубив во него токму поради таа причина", рекла Сабрина.

Кога таа се соочила со него, тој првично ги негирал обвинувањата за неверство. На крајот сепак признал.

„Тогаш сфатив дека нашата врска е уништена и во тој момент апликацијата ми беше сојузник да ставам крај на оваа лага. Сè се случи благодарение на нарачката “, рекла таа.

Меѓутоа, Сабрина не открила дали после тоа го оставила.

На крајот, таа рече дека се чувствува „изневерена“ бидејќи знаела дека нејзиниот маж „никогаш нема да јаде месо“.

Со други зборови, тој можеби ја изневерил својата девојка - но не поради неговата одлука да јаде месо, пишува NyPost.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs