Најтажното љубовно писмо: Ти благодарам што ме третираше како украс

Ова е едно од најтажните љубовни писма. Го објави американскиот портал Your Tango. Оставена девојка, отворено му се обрати на својот поранешен свршеник и покрај тешките зборови, му упати и голема благодарност, и ги откри сите причини кои ја натерале да продолжи понатаму. Писмото го објавуваме во целост: 

„ Ти благодарам што ми го скрши срцето. Ти благодарам што не веруваше во моите соништа и ги нарекуваше „хоби“. Ти благодарам што ми забрани да отворам своја продавница за накит, нарекувајќи ја мојата идеја нереална. Тоа ме натера да сонувам поголеми сништа и да ги оставарам своите цели.

Ти благодарам што упатуваше ужасни коментари на сметка на мојот изглед, што ме нарекуваше дебела и што непристојно нарекуваше некои делови од моето тело. Тоа ме натера да ги засакам своите облини на кои денес сум горда.

Благодарам што се обидуваше да ме контролираш, да ме изолираш од многу луѓе и од многу работи. Ме третираше како украс, но обој украс кој стои на полица полна со прашина, на кој никој не обрнува внимание. Тоа направи да сфатам колку вредам, поради тоа денеска се чувствувам горда на себе си. 

Ти благодарам што беше емотивно недостапен, студен, непромислен и неодговорен. А понекогаш, само студен. Тоа ме натера да се борам за своето емоционално задоволство, напорно да работам на себе си, и да сочувствувам со луѓето кои страдаат.

Денес, станав подобар човек. 

Ти благодарам што беше великодушен кога ми рече да го задржам прстенот, кога веќе не можев да си го задржам своето срце. Тоа ми помогна да сфатам што означува тој прстен. 

Кога слушнав дека во Индија постои верување дека енергијата на накитот се чува во самиот камен, се ослободив од него. Пуштив крокодилски солзи и исфрлив од себе се што ми стоеше на срцето. Кога тоа го сторив, во мене се појави неверојатно чувство на среќа. Солзите ми го исчистија срцето. 

Сепак, најмногу ти благодарам што не веруваше во „засекогаш“. 

Неодамна, го подарив твојот дијамант на пријател кој ќе ја побара за жена својата девојка. Тие двајцата, наскоро ќе влезат во брак кој е изграден на взаемна доверба и почитување.

Јас можеби веќе никогаш нема да ја најдам вистинската љубов повторно, но тоа сега не е важно. Она што ми се случи, ме натера да се сакам себе си. А тоа е најромантичната приказна од сите.“