Најсмртоносниот канцер за жените: Не ги игнорирајте овие симптоми!

Во светот годишно се регистрираат 250.000 нови случаи на оболени од рак на јајници, а 140.000 жени ја губат битката со оваа болест. Ова е најсмртоносниот канцер за жените.

Се апелира жените редовно да одат на гинеколошки прегледи, бидејќи само тоа е превентива од овој вид на рак.

Тешко е да се открие на време

Од ракот на јајници најчесто заболуваат постари жени, но за жал болеста не ја заобиколува ни помладата популација. Станува збор за тешка и сериозна болест, за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.

Причината е фактот што овој рак нема рани симптоми, и кога ќе се појави тие се многу неспецифични и врзани главно за дигестивниот и уринарниот тракт.

Ова се некои од симптомите:

- Потекување на стомакот, нагло растење на телесната тежина, надуеност

- Болка во предниот дел на карлицата и чувство на притисок во стомакот

- Чувство на ситост веднаш по започнатиот оброк

- Често и нагло мокрење

- Болка за време на сексуалниот однос

- Запек

Навременото откривање на ракот на јајници е проблем со кој се соочуваат експерти низ целиот свет. За оваа болест не постои адекватен скрининг.

Пет клучни факти за ракот на јајници:

- Сите жени се загрозени!

- Симптомите постојат, но може да се измешаат со симптоми кои ги носат други, помалку опасни болести

- Свеста за симптомите на болеста може да ви го спаси животот

- Денеска е можно генетско тестирање на „BRCAm“ мутираните гени на ракот на јајници (важно е да се знае „BRCAm“ статусот на жената)

- Ракот на јајници најчесто се дигајностицира во доцна фаза