Најскапиот настап во евровизиската историја: Кој е човекот што ја донесе Мадона во Израел?

Мадона вечерва ќе има свое шоу на „Евросонг“ во арената „Експо“ во Тел Авив. Организаторите не откриваат детали за настапот на поп-ѕвездата, а се очекува да отпее две песни, хитот Like a prayer и новиот сингл Future. За овој ангажман ќе и бидат исплатени 1,3 милиони евра, што дефинитивно е најскапиот настап во евровизиската историја.

Ангажманот на Мадона го финансира милијардерот Силван Адамс. Овој 59-годишен филантоп пед три години со својата сопуга Маргарет од Канада се пресели во Израел. 

Станува збор за еден од синовите на угледниот канадски трговец со недвижнини Марсел Адамс кој го преживеал холокаустот и по бегството во Канада ја основал компанијата Iberville Developments.

Силван Адамс минатата година донираше 80 милиони долари за велосипедската трка Giro d’Italia која се одржа во Ерусалим.

- Евровизијата ги спојува земјите, како и културите, толеранцијата и пријателството преку музика, а Израел е совршен дом за домаќин на натпреварот и за унапредување на тие вредности. Верувам дека целиот Израел ми се придружува во моите желби и во посакувањето добредојде на Мадона - им изјави Адамс на медиумите.

Настапот на Мадона беше неизвесен сѐ до нејзиното слетување во Израел. Наводно, договорот помеѓу националната израелска телевизија и групацијата Live Nation е потпишан во последен момент. Како и да е, евровизиските фанови вечерва очекуваат спектакуларен настап. Само за шоуто на американската ѕвезда, наводно се ангажирани 135 луѓе и 30 тони дополнителна опрема. Се очекува на подиумот да ја придружуваат 25 професионални танчари.