На овие знаци октомври им носи големи позитивни промени

Риби

Октомври ќе биде месецот во кој ќе повлечете важни деловни потези со кои пријатно ќе го изненадите вашето најблиско опкружување. Ќе бидете способни да превземете иницијатива и драстично да ја промените ситуацијата. Ќе си поставите свои правила и конечно ќе бидете среќни. Здравјето ќе ве служи одлично.

Вага

Следниот месец ви носи многу изненадувања. Ќе имате многу поволни можности, а од вас зависи колку ќе знаете да ги искористите. Енергијата ви е на одлично ниво и ќе ја искористите за дружење и патувања. Љубовта ќе ви цвета, а што се однесува до здравјето, внимавајте само на забите.