Утринско кафе со Дино Захов: Сакам работи кои ја зголемуваат среќата во мене

Како спортист мојата мотивација ја одржувам со помош на мотивирачки видеа. Видеа кои ја зголемуваат желбата за поголем упех, но тука секогаш е и музиката која ме инспирира....

Веќе неколку години сум голман на Фудбалскиот клуб Шкендија и имам секојдневни обврски и тренинзи и обврски кон клубот.  Си ја сакам работата и најчесто дневните агенди ми се секогаш исполнети.

Многу ретко имам, онака, слободно време за лежерење или за ден губење.

Секој ден имаме трнинзи за кои одвојувам најмалку 4 до 5 часа во денот.По тренингот одмарам, за да можам да функционирам како што треба.

Во слободно време сакам да се посветам на работите кои ја зголемуваат среќата во мене и ми помагаат да го зајакнам мојот позитивен дух. Тука ми помагаат гитарата, инструмент и дел од мене кој редовно го користам за релаксација, забава,но и кога сум во друштво.  Не би бил Дино ако не е мојата фамилија, слободно време иако го имам малку го користам за да се видам со моите.

Најчесто пред спиење знам да прочитам некоја книга.


(Дино Захов - фудбалер)