На 17 години доживеав спонтан абортус, а сакав да го задржам детето: Искрена исповед на Пинк

Се чувствував како телото да ме мрази, се отвори пред јавноста познатата пејачка за трагичната загуба што ја доживеала како тинејџерка

Светски популарната пејачка Пинк (39) само неколку дена по објавувањето на нејзиниот најнов албум „Hurts 2B Human“ ја откри инспирацијата и скриените приказни зад нејзините нови песни, кои зборуваат за нејзините битки со анксиозноста, самодовербата и љубовта кон себе си.

Песната „Happy“ е лично напишана за Пинк, која во стиховите пее: „Уште кога имав 17 години, отсекогаш си го мразев моето тело, и се чувствував како телото да ме мрази мене, може ли некој да ми најде пилула за да не се плашам од сама себе?“

- Причината поради која го кажав ова е дека секогаш сум имала тешко, силно и гимнастичко тело, но во мојата 17-та година доживеав спонтан абортус. А сакав да го зачувам детето. Но, кога ова ќе ѝ се случи на една жена или млада девојка, тогаш се чувствувате како вашето тело да ве мрази, како тоа да е скршено и неможе нормално да ги извршува вообичаените работи - раскажа пејачката.

Пинк има доживеано неколку спонатани абортуси и изјави дека ги направила овие песни за да пронајде начин како да се сноси со неминовната болка.

Дел од причината зошто Пинк толку многу се отвори пред јавноста е фактот дека таа редовно посетува терапии, за кои што кажа дека ѝ помагаат да ги пронајде сите скриени слабости и покрај тоа што се непријатни и болни. Таа верува во самоконтролата и во нејзината моќ, сама да се справува и да ги износи животните предизвикувачки ситуации.

Таа, исто така, додава дека има „здраво чувство за хумор“, кога работите ќе тргнат на лошо и дека токму тоа ѝ помага да продолжи напред и да остане искрена во својата музика.

Пинк се надева дека табуто во врска со посетувањето терапии ќе исчезне, бидејќи се' повеќе луѓе се отвараат и зборуваат за своите проблеми. 

- Зборувањето за проблемите е најважното нешто, иако знам дека анксиозноста која што е број еден застапена кај младите, не им го дозволува тоа целосно - охрабрува Пинк.

Покрај отвореноста за сопствената борба со депресијата и анксиозноста, таа додава дека за нејзината генерација депресијата и самоубиството преовладувале, но во денешно време секоја несигурност доаѓа од местото кај што ни е вдомена анксиозноста.

- И јас го разбирам тоа, потполно го разбирам, бидејќи сум ги имала депресијата и анксиозноста под моја кожа. Постојано премислувам за се'. Но, она што е најважно и што најмногу ми помага се вистинскиот круг на луѓе околу мене и терапиите кои не ги препуштам - завршува Пинк.