Муратова: Ако земеме еден Оскар ќе биде пола-пола, како и со медот и пчелите

Приказната за Атиџе Муратова од селото Бекирлија, како последен одгледувач на диви пчели во Европа стигна и до балканските и до светските медиуми. Имено и новинарите од „Aljazeera“ дојдоа во домот на Атиџе, непосредно пред таа да замина на Оскарите.

На прашањето дали верува дека „Медена земја“ ќе ја освои најголемата филмска награда, со оглед на тоа дека е во трка во две категории, харизматичната Атиџе повторно ја сподели пораката која ја носи самиот документарец.

- Очекувам дека ќе оствариме голем успех. Јас се надевам на победа во двете категории, но ќе бидам задоволна и ако земеме еден Оскар, пола-пола, како и со медот и пчелите- одговори таа.

Имено таа ја промени бојата на косата, и доби фризура со која навистина изгледа холивудски.

Овде може да го прочитате целосното интервју.