Му се врати на Мартин: Актерката Нина Деан проговори за партнерот

Откако пред неколку дена откри дека во април идната година ќе стане мајка, актерката Нина Деан сега одлучи да проговори и за таткото на нејзиното дете. Станува збор за Мартин, нејзина љубов од детските денови. Немале никаков контакт цели 13 години, а сега не само што се повторно заедно, туку наскоро ќе станат и родители.

- Пресреќна сум. Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото - изјави Нина Деан за „7дена“.

Нејзината мајка, познатата кореографка Гордана Деан Поп-Христова, во неполна година вторпат ќе стане баба. Нејзината помлада ќерка од бракот со актерот Кирил Поп Христов се породи во јуни годинава. Јоана со сопругот Родригез Сориа Хосе Луис живее во Еквадор.