Моќта е во нашиот ум: Најдобрите цитати од Лујза Хеј

Лујза Хеј е веројатно најпознатиот тренер за човечки развој и писателка, чии мисли и афирмации се вечна инспирација за многу луѓе низ светот. Се сеќаваме на оваа прекрасна жена, издвојувајќи ги нејзините најдобри цитати:

- Можеби не знаеме како да простиме и можеби не сакаме да простиме, но кога ќе кажеме дека сме спремни за да простиме, тогаш почнува нашето исцелување.

- Минатото е минато и не можеме да го промениме. Ова сега е единствениот момент кој можеме да го искусиме. Длабоко во средината на моето битие постои бесконечна добрина и благодарност. И сега, дозволувам таа благодарност да ми го преплави срцето, телото, умот, свеста, целото мое битие. Таа се шири од мене, во сите правци, допирајќи се во мојот свет и ми се враќа низ нови работи за кои треба да бидам благодарна. Колку повеќе благодарност чувствувам, толку повеќе станувам свесна за нејзините неисцрпни залихи.

- Вие ја имате моќта да се излечите сами и мора да сте свесни за ова. Често мислиме дека сме беспомошни, но тоа не е точно. Моќта е во нашиот ум. Кажете си го ова себеси и искористете ја својата моќ.

-Почнете да го забележувате напредокот насекаде околу вас и радувајте му се.

- Ако прифатите дека верувате во ограничувања, тие ќе станат вистински.

- Љубовта е најголемата лековита сила која ја знам. Љубовта може да го излечи и најдлабокото, најболното сеќавање, бидејќи љубовта носи светлина при разбирањето на најтемните места од нашето срце и нашиот ум.

- Кога вие ќе му кажете „да“ на животот, тогаш и животот вам ќе ви каже „да“.

- Секоја наша мисла ја обликува нашата иднина.

- Со години се критикувате сами себе и пак не ви оди од рака. Обидете се да се поддржите сами себе и погледнете што ќе се случи.

- Бидете спремни за љубовта кога ќе дојде. Подгответе се и бидте спремни да ја храните љубовта. Ќе сакате и ќе бидете сакани. Бидете отворени, спремни да прифатете љубов.

- Самоодобрувањето и самопочитувањето во овој момент се главните клучеви за позитивни промени во секоја област од вашиот живот.