„Мојот доживотен партнер во двојки“: Новак Ѓоковиќ ги воодушеви фановите со емотивна порака посветена на неговата сопруга Јелена

Новак Ѓоковиќ ја воодушеви јавноста со објава на социјалната мрежа Инстаграм која ја посвети на својата сопруга Јелена

Новак и Јелена Ѓоковиќ важат за еден од најкомпатибилните парови на меѓународната јавна сцена.

Најдобриот тенисер на светот не крие дека неговата сопруга - и во приватниот живот и во кариерата - е негова неоспорна поддршка.

Летово познатиот српски пар ќе ја прослави 10-годишнината од бракот, а Новак уште еднаш покажа колку е силна нивната љубов со пораката што ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Јелена Ѓоковиќ го прослави својот 38-ми роденден, а честитките не престануваат да се слеваат.

- Среќен роденден на најдобрата сопруга, мајка, пријателка, партнерка, лидер, учителка, инспирација што некогаш би можел да ја посакам. Мојата доживотна партнерка во двојки, Јелена – напиша под романтичната слика со сопругата.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)


Ова не е прв пат Новак и Јелена јавно да си испраќаат топли зборови на љубов и поддршка, па неодамна таа сподели слична честитка за 37-от роденден на Ѓоковиќ.

- Среќен роденден блесав, шашав, неуморен тато со срце големо како вселената. Не е дека си наш, ама навистина си најдобар. ТЕ САКАМЕ - е пораката која ја сподели сопругата на тенискиот ас.


Извор: glossy.rs