(ФОТО) Модниот стил на Тамара на Евровизија: Гoрда и моќна во Тел Авив

Денеска е голем ден за нашата земја, но и за нашиот тим во Тел Авив кој веќе нѐ направи #PROUD во вистинска смисла на зборот. Вечерва на евровизиската сцена, под реден број осум, нашата Тамара Тодевска повторно ќе блесне со својот неверојатен глас, супер шарм и холивудски изглед.

Модните стајлинзи на Тамара на Евровизија 2019

Едноставен, добро осмислен, одмерен, а сепак гламурозен изглед кој доликува на една дива – е генералниот впечатокот кој го остави Тамара Тодевска на своите официјални појавувања за време на Евровизија. 

На стајлингот на Тамара интензивно се работеше од почетокот на април кога таа започна соработка со Fashion Group Macedonia и стана еден од заштитните ликови на италијанскиот бренд за накит Rebecca

Стајлингот за сите јавни појавувања на Тамара во Тел Авив го потпиша доборо познатиот моден дизајнер Александар Ношпал, а за фризурата и шминката се погрижи артистот за коса и шминка Арменд Рамадани.

* Прием организиран за македонската евровизиска делегација во нашата амбасада во Тел Авив 

За приемот во нашата амбасада во Тел Авив, Тамара имаше комбинација која е тотален моден погодок, бидејќи станува збор за парчиња кои се хит оваа пролет. „Guess“ комбинезонот во бојата на сезоната, долгиот најпосакуван „Mango“ мантил и „Steve Madden“ високите потпетици се синоним за одличен аутфит. Целокупниот изглед беше надополнет со омиленото ланче на пејачката, со иницијал Х (за Хана) од италијанскиот бренд Rebecca.

* EUROVOXX 

За време на телевизиско интервју со „EUROVOXX“ , Тамара се појави во кежуал комбинација. Носеше трендовска бела маичка со натпис, надополнета со ланче од колекцијата „Copenhagen“ и алка од најновата колекција „Skyline“ од брендот Rebecca.

* Прошетки и интервјуа во Тел Авив

Тамара е препознатлива по својот одличен стил, па и за своите прошетки со тимот во градот каде се одржува Евровизија 2019, таа изгледаше сосема опуштено, а сепак модерно. 

Еден од омилените стајлинзи во кои имавме можност да ја видиме, беше зелениот комбинезон, искомбиниран со едноставниот, а „мелем за очи“ накит на Rebecca.

* Еуро Вилиџ

На настапот во Еуро Вилиџ, Тамара носеше едноставна црна маичка во комбинација со црно-бело здолниште со „еврејски“ крој и специфични црни сандали. Аутфитот беше надополнет со ланче од колекцијата „Lucciole“ на Rebecca и впечатлива сребрена белегзија од колекцијата „Zero“. 

* Портокалов килим

Тамара на чело на македонската евровизиска делегација блескаше на портокаловиот килим во црна тоалета – смокинг фустан креиран од Александар Ношпал. Она што е интересно е што материјалот, односно црната свила за фустанот е од стар заборавен топ во нашите продавници за материјали. Изгледот беше надополет со стилизирани бисери (прстени и обетки) од колекцијата „Hollywood“ на Rebecca. 

* Полуфинална евровизиска вечер

Долгиот зелен фустан на кој Александар Ношпал три недели интензивно работеше е „haute couture“ во вистинска смисла на зборот. Свилениот сатен „дишес“ употребен за изработката на фустанот бил долг 12 метри, а е набавен од Германија.

Потрагата пак по накит, кој нема да ја наруши архитектурата на кројот, нема да пречи и да биде наметлив, а сепак ќе биде присутен како аксесоар за комплетен изглед, беше заокружена со прстените од колекцијата „Hollywood“. Во дослух со италијанскиот производител, накитот на Rebecca пристигна специјално за Тамара, директно од земјата-амбасадор на модата.

* Големо финале

Вечерва го очекуваме големото финале и сите навиваме за Тамара, иако веќе е наша победничка. Не се сомневаме дека германскиот перфекционизам, италијанскиот дизајн и македонскиот шарм заедно се моќна комбинација која ќе нѐ направи горди на евровизиската сцена во Тел Авив.


Д.К.