,

Милица Стојанова: Збунета сум што луѓето се поделени, треба да се сплотени

Збунета сум зошто луѓето се поделени, треба да се сплотени, нагласи актерката Милица Стојанова која ја доби големата ѕвезда за животно дело на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ во интервју за 1ТВ

Освен за предизвиците во професијата, Стојанова даде свое видување и за актуелните општествено-политички случувања, за референдумот и за македонскиот национален идентитет.

- Јас сум збунета што некој говори за идентитетот, а заборава да го говори убавиот литературен македонски јазик - забележа таа.