„Ми велеа: „Како можеше да го продадеш своето дете?“: А јас сум како жив мртовец - Првата сурогат мајка со шокантна изјава

Добивај вести на Viber

Исповедта на првата британска сурогат мајка остави многумина без зборови...

Ким Котон 40 години го бара детето кое го родила како прва сурогат мајка во Британија.

„Се чувствувам како да е изгубен дел од мене. Таа е половина од мене, а јас немам поим каде е и дали би сакала да ме запознае", вели Ким, која сега има 68 години и 40 години очајно сака да ја најде својата ќерка.

„Ме осудија што го „продадов“ моето бебе. Сега очајно се обидувам да ја најдам. Ова е жива смрт...“ – изјави таа во своето последно интервју за Дејли Мејл.

Одлуката која и го промени животот

Ким Котон беше обична мајка на две деца кога донесе одлука со која ќе стане една од најконтроверзните жени во Британија во текот на 1980-тите. Нејзиното име беше насекаде, новинарите кампуваа пред нејзината куќа, а нејзините постапки беа дискутирани во парламентот.

Ким, тогаш имала 28 години, стана првата „комерцијална сурогат мајка“ во Велика Британија, која се согласи да носи бебе на непознат пар во замена за 7.000 евра.

„Не знаев дека ќе бидам прва, ниту каква ќе биде реакцијата“, се сеќава Ким, која сега има 68 години.

„Го направив она што го чувствував во моето срце, давајќи го овој неверојатен подарок на пар кој не може да има дете. Но, секогаш велев дека го правам тоа и за парите - и затоа ме осудуваа“.

Породувањето под лупа на јавноста

Ким го роди „Baby Cotton“ на 4 јануари 1985 година во лондонската породилна болница Викторија. Дури и додека таа се пораѓаше, новинарите веќе беа надвор од болницата, подготвени да известуваат за историскиот момент.

„Сите веќе знаеја кој сум“, се сеќава таа. „Социјалните служби влегоа во собата додека бев на породување и ме испрашуваа. Морав да се затворам во бањата за да се смирам“.

На денот на нејзиното пораѓање, бебето стана гижа на судот, што значи дека нејзините биолошки родители морале да добијат судска дозвола за да ја однесат во нивната земја.

Имав прилика да ја гушнам накратко, но не предолго, за да не се врзам емотивно. Таа личеше на моите деца.

Поради законски пречки, детето останало во болница седум дена, без родителите, што за Ким била „најлошата недела во животот“.

Уште едно искуство со сурогат мајчинство

Ким првпат се заинтересирала за сурогат мајчинство две години порано, откако гледала емисија за тоа. Со поддршка на нејзиниот сопруг Џефри, таа и пишала на агенција во Америка нудејќи ги нејзините услуги, не знаејќи што ќе се случи.

По една година ја контактирал координатор од една британска агенција, а набргу потоа била подложена на лекарски преглед. Таа била оплодена со сперма на анонимен скандинавец и никогаш не ги запознала родителите на детето.

„Не ги побарав, бидејќи не знам што знае бебето за сето ова. Таа сега има 40 години и можеби има свои деца. Никогаш не би сакала да и го нарушам животот, но доколку ме бара, би била отворен за состаноци“.

Медиумска бура и последици

По породувањето, Ким беше преплавена со барања за интервју, а новинарите кампуваа пред нејзината куќа. „Беше нереално, како да сум во сон. Дури пет години подоцна, кога отидов на курс за советување, ја сфатив цената што ја платив“.

Неколку месеци по раѓањето на бебето, британскиот парламент го донесе Законот за сурогат мајчинство со кој се забранува комерцијално сурогат мајчинство и рекламирање на такви услуги. Подоцнежните измени на законот во 1990 година дополнително ги ограничија можностите за плаќање сурогат мајки.

Промена во перцепцијата

Во 1991 година Ким повторно стана сурогат мајка, но овој пат за пријатели, носејќи близнаци. „Овој пат сè беше поинаку. Беше поофицијално, со психолошко тестирање и процедура за ИВФ. Родителите беа со мене во текот на целата бременост и да ги видам како ги држат децата во раце беше магично“.

„Иако имаше само шест години разлика, реакциите беа сосема различни. Овој пат не ме осудуваа, бидејќи немаше пари. Одеднаш станав „светеца“, додека порано ме сметаа за „грешница“.

Основање на организацијата COTS

Во 1988 година, Ким ја основа организацијата Childlessness Overcome Through Surrogacy (COTS) со колега за поддршка на паровите без деца и сурогат мајчинството. Оттогаш, COTS помогна во раѓањето на 1.136 бебиња.

Ким продолжи да се занимава со сурогат мајчинство како застапник за промена на законот, појавувајќи се во бројни ток-шоуа и држејќи говори.

„Постигнат е напредок, но сè уште не сме онаму каде што треба да бидеме. Сè уште има правни пречки и родителите мора да поминат низ долг процес за да станат законски старатели на децата родени преку сурогат мајчинство“.

Иднината на сурогат мајчинството во Британија

Во 2023 година, Комисијата за закони објави предлози за реформа на сурогат мајчинството, вклучително и нова регулаторна рамка која ќе им овозможи на родителите веднаш да бидат признати како законски старатели. Предложени се и појасни упатства за дозволените трошоци кои сурогат мајките можат да ги добијат.

Ким ги поддржува овие промени: „Најважно е родителите да бидат законски признати од раѓањето на детето. Исто така, не сакаме да привлекуваме погрешни луѓе, но повеќето жени кои го прават ова се грижливи луѓе кои само сакаат да помогнат".

COTS официјално ќе ги затвори вратите во септември 2025 година, но Ким планира да продолжи да работи како независен консултант за сурогат мајчинство.

„И покрај сите контроверзии, не се каам. Донесов среќа на еден пар и тоа е она што е најважно. Секоја година се сеќавам на нејзиниот роденден, но тоа го правам тивко, за себе“.

Извор: Stil.kurir.rs