Месец на љубовта во ИутеКредит! Атрактивна понуда за сите парови!

Во месец февруари ја славиме љубовта. Подароци и изненадувања се дел од начинот на кој заљубените прославуваат. За таа цел, ИутеКредит излезе со промотивна понуда која ќе им овозможи заедничко уживање на сите заљубени парови.

Почнувајќи од 01.02 до 29.02 сите оние кои ќе дојдат како пар во некоја од експозитурите на ИутеКредит низ државата и ќе поднесат апликација за кеш кредит истовремено, ќе имаат можност да им биде одобрен кредит со 0% каматна стапка во целото времетаење на кредитот.

За апликација за кредит е потребен само документ за лична идентификација, лична карта или пасош, а може да аплицираат сите заинтересирани нови и постоечки клиенти на ИутеКредит, со потврден прилив на постојани приходи и позитивна кредитна историја, на возраст од 18 до 75 години.

Новите клиенти имаат можност да аплицираат за кредит до 40 000 денари со период на отплата до 12 месеци, додека постоечките клиенти на ИутеКредит можат да побараат и износ до 100 000 денари и период на отплата 24 месеци.

Исплатата на кредитот се врши веднаш на трансакциска сметка или на Mastercard картичка, која овозможува пристап до средствата веднаш и 24/7. Тоа значи дека истите може да се подигнат од било кој банкомат, да се купува секаде каде што има Mastercard терминали за плаќање, како и да се купува онлајн и во странство.

Доколку веќе имате одлична идеја како да го одбележите месецот на љубовта, а сте во недостаток од финансиски средства, искористете ја промотивната понуда од ИутеКредит веднаш.

Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 13 333, www.iutecredit.mkи во експозитурите на ИутеКредит во Скопје, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Битола.