Медени колачи со кои ќе ви замириса цела куќа: Време е да ги направите и вие по овој рецепт!

Претстојните празници можат да бидат уште поубави и „повкусни“!
Ако барате рецепт кој ќе го внесе празничниот дух во вашиот дом, миризливите зачинети колачиња се совршен избор. Овој традиционален рецепт комбинира деликатни зачини како цимет, каранфилче и анасон со мед и путер, создавајќи неодоливо вкусен десерт. Еве како да ги подготвите овие вкусни медени колачиња.
Состојки:
- 400 гр брашно (по избор)
- 140 гр шеќер во прав
-60 гр путер
-2 јајца
-2 лажици мед
-рамна лажичка сода бикарбона
-лажичка мелени зачини (цимет, каранфилче и анасон)
Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот во прав, сода бикарбоната и мелените зачини. Добро измешајте, па процедете ја смесата за да бидете сигурни дека сите состојки се рамномерно распоредени. Медот и путерот внимателно растопете ги на најниска температура. Внимавајте смесата да не се прегрее. Откако целосно ќе се соедини, тргнете ја од оган и оставете да се излади.
Во изладената смеса од мед и путер додадете две изматени јајца, нежно измешајте додека не добиете хомогена смеса. Постепено додавајте ја течната смеса во садот со сувите состојки, мешајте додека не добиете мазно тесто. По потреба додадете малку брашно за да не лепи тестото.
Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер најмалку 30 минути за да се стегне. Потоа развлечете го тестото на набрашнета површина, исечете ги формите по желба и печете на 180°C околу 10-12 минути, додека колачите не поруменат.
Послужете ги овие миризливи колачиња со чај или топло чоколадо, а вашиот дом ќе биде исполнет со топлина и арома на празнична радост.