„Медена земја“ без Оскар ни за најдобар интернационален филм

Нема Оскар за „Медена земја“ ниту во категоријата „Најдобар интернационален филм“. Победи јужнокорејскиот филм „Паразит“. Ремек-делото со Атиџе Муратова на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов по многуте награди кои ги освои на фестивалите ширум светот, не успеа да се запише и во историјата на Оскарите.

„Медена земја“ претходно изгуби и во категоријата „Најдобар документарец“. Признанието за кое најмногу се надевавме замина во рацете на креаторите на „Американска фабрика“, филм поддржан од поранешниот американски претседател Барак Обама.