Маркијан нема ниту едно другарче: Ребека емотивно за синот

Дека инклузивното образование не секогаш значи и максимална прифатеност на децата со попреченост, согласна е и Ребека 

Достапноста на основното редовно образование за сите ученици паралелно со таканаречените специјални училишта не значи по автоматизам и подобра средина за децата со попреченост. Стресот низ кој минува детето што не е добро прифатено останува секојдневие и за него, но и за родителите. Дека инклузивното образование не секогаш значи и максимална прифатеност на децата со попреченост, согласна е и пејачката и претседател на здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески.

- Маркијан нема ниту едно другарче. Тој и не знаеше како да се дружи со деца до скоро. Среќа што ги има братчињата и почнува полека да се вклучува во игра и да се забавува и тој. Инаку меѓу децата во уцилиште не пројави никој посебна желба да го дружи или барем да се обиде вон училиште. Се дружи со нив на родендени и тоа е се’. Иако тие го прифатија со сите негови недостатоци без да не бркаат од школо или пак да потпишуваат петиции за негово исклучување како претходно, за што сум многу благодарна - вели Ребека.

Ребека со трите сина

Таа на социјалните мрежи апелира некој да сподели искуство на другарување помеѓу дете со аутистичен спектар на однесување и дете со типичен развој и јавно се прашува дали тоа е реткост или пак, како што вели, нејзиниот најстар син нема среќа.

Маркијан лани во ноември наполни 13 години. Ребека секогаш отворено зборува за секојдневието со својот син.

- Ги научи буквите, бројките и боите конечно. Би сакала да научи и да чита. Слуша џез, рок, техно, македонска изворна музика, а од македонските бендови ги обожава „Суперхикс“ - ни откри познатата пејачка и хуманистка пред два месеца.

Ѓ.С.