Марија Шерифовиќ се стопи благодарение на еден рецепт: Ослабе 7 килограми, а оброкот чини помалку од 100 денари

Марија Шерифовиќ ослабе 7 килограми со здрав појадок и зелен чај
Српската пејачка позната по својот моќен вокал, Марија Шерифовиќ, неодамна откри дека со корекција на исхраната успеала да изгуби дури седум килограми. Додека гостуваше на телевизијата Блиц, таа ги сподели деталите од своето дневно мени, нагласувајќи дека појадокот и специјалните пијалоци кои ги консумира секое утро имаат клучна улога во процесот на слабеење. Марија Шерифовиќ ослабе 7 килограми благодарение на едноставното мени...
На почетокот на денот, Марија се потпира на моќта на зелениот чај.
- Секое утро пијам зелен чај кој е богат со состојки како катехин, а токму тие го поттикнуваат согорувањето на масните наслаги и помагаат во слабеењето - објаснила пејачката.
Шерифовиќ после чајот појадува многу едноставен, но здрав оброк.
- За појадок имам палента, која е многу поубава кога се готви на путер, но ја правам во вода и со неа јадам младо сирење со малку маснотии - рекла Марија.
Таа откри и дека се разгледуваат и други варијанти.
- Сакам и овесна каша со јаболко, киви, неколку бадеми, а можете да додадете и сливи. Парче здрав леб, кој не го јадам често, е многу вкусен со мисиркини гради, салата и домати – изјави таа.
Кога станува збор за главните оброци во текот на денот, пејачката најчесто избира лесни извори на протеини.
– За ручек најчесто јадам пилешко, свинско филе, стек или риба – откри Шерифовиќ.
Како што признава, ваквиот начин на исхрана не само што и помогнал да ги изгуби вишокот килограми, туку и дал чувство на поголема енергија и подобро расположение. Нејзината дисциплина и доследност уште еднаш покажаа дека успехот доаѓа кога ќе вложите труд - без разлика дали е музика или здравје.