Македонските чуварки на традицијата: Гордо го носат нашиот вез, облечени во најубавите народни носии

Добивај вести на Viber

Кога бардот на македонската песна, Јонче Христовски во далечната 1964 година ја напишал песната „Македонско девојче“ и ја подарил на дамата со славеј глас, Виолета Томовска, да ја отпее. Всушност песната била подарок за првиот роденден на Невенка, ќерка на Виолета.

Оттогаш па се до денес убавината на секоја една Македонска се симболизира со оваа песна. А има ли поубаво девојче од Македонче, кога ќе облече раскошна, македонска народна носија? – Нема и нема да се роди.

Народните носии во нашата земја имаат вековна традиција, претставува значаен дел е од материјалната култура на македонскиот народ. Секој крај од нашата земја си има специфичност во народните носии, но она што сите ги поврзува е македонскиот народен вез. Специфичноста во македонската носија е токму везот кој се пренесувал со генерации, а токму народните носии биле носители на везбеното творештво, традиционален украс на секој еден дел од традиционалната облека.

Елена Андоновска

Народните носии денес се дел од секое уметничко културно друштво кое ги негуваат македонските ора и песни, а националниот симбол на тоа е Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Ивана Серафимовска

Носиите се убав спомен кои нашите баби и дедовци ни ги имаат оставено во наследство, со мирис на долговечност и потсетник на македонскиот фолклор.

Дамите кои се членки на Ансамблот на народни игри и песни на Македонија „Танец“, но и кои имаат свои музички соло кариери често може да ги видиме во преубавите раскошни носии. Една од нив е Елена Андоновска, Габриела Новевска, Ивана Серафимовска и Сузана Спасовска.

Габриела Новевска

Вера Милошевска – Јосифовска од групата „Љубојна“, исто така ја негува македонската изворна песна, таа воедно е и наставник по традиционално пеење и вокален тренер во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Неодамна Вера ја издаде и нејзината книга „Македонскиот вокален мелос во современиот контекст – Оживување на една заборавена музика“, дело кое е плод на долгогодишно истражување во областа на музиката.

Во традиционално издание имавме можност да ја видиме и пејачката Анета Љумаковска за потребите на снимање спот со етноелементи.

Често во народна носија може да ја видиме и Сузана Спасовска.

Фото: Инстаграм/ Фејсбук
Г.Д.Г