Македонија без Оскар за најдобар документарец

Нема Оскар за „Медена земја“ во категоријата „Најдобар документарец“. Признанието за кое најмногу се надевавме замина во рацете на креаторите на „Американска фабрика“ поддржан и од поранешниот американски претседател Барак Обама.

Ремек-делото со Атиџе Муратова на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов по многуте награди кои ги освои на фестивалите ширум светот, не успеа да се запише и во историјата на Оскарите.

Пред нас е уште една неизвесност, категоријата „Најдобар интернационален филм“ во која „Медена земја“ е исто така номиниран, но каде шансите за победа ни се значително помали. Овде главен фаворит е јужнокорејскиот „Паразит“ кој веќе доби Оскар за најдобро оригинално сценарио.